30/11/2024
Македонија

Албанскиот театар со „Жените“ на хуманитарно гостување во Тетово

Претставата “Жените” на НУ Албански театар – Скопје, во режија на Ќендрим Ријани, на вечерва (петок, 23 март) ќе биде прикажана во Тетовскиот театар. Претставата. која премиерно се одигра на 26 декември, гостува во Тетовскиот театар во рамките на хуманитарната акција за режисерот Беким Луми…

Претставата ги третира проблемите на љубовта, омразата, предавството, сексуалноста и инцестот. 

Улогите во “Жените” на Роберт Тома ги играат Теута Ајдини Јегени, Дрита Каба Карага, Амернис Нокшиќи, Вјолца Бектеши Хамити, Аида Алидеми, Раска Јонузи Челику, Линда Саити и Аида Елези. За музиката се погрижи Фатос Лумани, додека за сценографијата Петрит Бакали.

Билетите се во продажба во билетарата на Тетовскиот театар. Цената на билетот изнесува 300 денари…