22/11/2024
Охрид

Амбасадорот на БиХ Драган Јакимовиќ во посета на Општина Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Н.Е. Aмбасадорот  на  Република  Босна и Херцеговина во земјава , Драган Јакимовиќ.

 На средбата се разговараше за статусот на Охрид во УНЕСКО при што градоначалникот Пецаков укажа дека се работи  на надминување на забелешките што претходно беа дадени од националната комисија на организацијата, а беше упатена и благодарност до  амбасадорот за досегашните негови заложби градов да не биде тргнат од листата на Светско природно  и културно наследство.

На средбата се разговараше за обновување на иницијативата  за олеснување  на патувањата меѓу двете земји , првенствено преку воспоставување директни авионски линии.  Чартер летовите во летниот период  би  допринеле во  зголемување на  бројот на босански туристи на охридската ривиера.

Соговорниците разговараа за неопходноста од поголема промоција на Охрид на меѓународен план, како  најголем туристички  центар во земјава. Заеднички беше заклучено дека на градов му е  потребен  Олимписки центар за  млади кој би функционирал  преку цела година, а за чие отворање  би се  заложиле  двете страни.


WebOhrid / 15.06.2022 / Општина Охрид