22/11/2024
Охрид

Американската амбасадорка во посета на Охрид

Амбасадорката на Соединетите американски држави, Н.Е. Кејт Мари Брнс, вчера оствари средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

На средбата се разговараше за добрата меѓусебна соработка, како и за идните планови со кои ќе се продлабочи соработката. Градоначалникот Георгиески, изрази благодарност до амбасадорката за поддршката што низ годините американската амбасада ја дава на општина Охрид во секоја сфера.

Заеднички беше потенцирано, дека во иднина ќе се стави акцент на унапредувањето на соработката во областа на туризмот, негувањето и развивањето на културните врски и поддршка во областа на образованието.

Инаку, ова е прва официјална средба помеѓу амбасадорката, Кејт Мери Брнс и градоначалникот Константин Георгиески.