Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис пристигна во Скопје
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис утрово пристигна во официјална посета на Македонија. На аеродромот во Скопје, секретарот за одбрана на САД, Матис беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Ова е прва посета на американски секретар за одбрана на Македонија по 14 години.
Веднаш по пристигањето министерката Шекеринска и секретарот за одбрана Матис имаа работен појадок.
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ќе има средба во владата на Република Македонија со премиерот Зоран Заев и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по што во 11.30 ќе дадат изјави за медиумите.