Анастасија Мојсоска од Оровник ќе настапи на Европското јуниорско првенство во стрелаштво
Анастасија Мојсоска од Оровник ќе ја претставува Македонија и општина Дебрца во натпреварите во стрелаштво со воздушна пушка во јуниорска конкуренција на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Осиек, Хрватска, од 15-24 март.
Анастасија е членка на Стрелачкиот клуб „Охрид“ и покажува одлични резултати на сите натпревари. Нејзиниот следен предизвик е учеството на Европското првенство како репрезентативец на македонската стрелачка репрезентација во јуниорска конкуренција.
Денес, градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, оствари средба со Анастасија. Градоначалникот и посака многу успех, нови достигнувања и медали.
Општина Дебрца финансиски ќе го помогне учеството на Анастасија на Европското првенство.
WebOhrid