22/11/2024
Спорт

Анастасија Мојсовска со одличен резултат го заврши својот настап на ЛОИ Париз 2024

Анастасија Мојсовска со одличен резултат го заврши својот настап на Летните Олимписките игри во Париз.

Во своето деби на игрите, македонската стрелачка Мојсовска, настапи во дисциплината воздушна пушка од 10 метри. Во квалификациската рунда, Анастасија по шестте серии имаше вкупен резултат од 625.3 погодени кругови. Нејзиниот најдобар резултат останува 628.8 кругови.

Тој резултат ја рангира на 31. место во конкуренција на 43 натпреварувачки. За жал не беше доволен да обезбеди место во финалето, кое и избега за 6 круга.

IMG-20240728-WA0002

Тренерот Тасевски со свое видување за настапот на Анастасија:

– На ова прво учество на Олимписки игри за неа постигна висок резултат од 625.3 кругови со серии: 104.5 103.7 104.3 104.4 104.0 104.4 и се пласира на 31-во место од вкупно 43 натпреварувачки. Во оваа дисциплина позади нас оставивме олимписки, светски и европски медалисти од земји како што се: Америка, Франција, Чешка, Египет, Велика Британија, Бразил и други. 

Во текот на натпреварот таа погоди 57 центри од вкупно 60 испукани дијаболи за времетраење од 1 час и 15 минути, но во стрелаштвото секој еден зголемен пулс од срцебиење или адреналин делува на квалитетот на центрите што и одлучува кој на крај ќе биде најдобар.

За влез во финална борба или пласман во први осум во воздушна пушка жени потребни ни беа 631.3 кругови односно ни фалеа 6 кругови. Овие олимписки игри се покажаа доста посилни во однос на резултатот споредбено со минатите Олимписки игри во Токио каде што за влез во финале потребни беа 628,3 кругови. Се надеваме дека овие Олимписки игри ќе бидат една одскочна даска за 22 годишната Анастасија до европско финале и медал на Европското првенство кое не очекува во почетокот на 2025 год. 

За македонските олимпијци, следниот настап е во вторник (30 јули), кога џудистот Еди Шерифовски ќе настапи во категоријата до 81 килограми.


WebOhrid / 28.07.2024 / МОК