23/11/2024
Охрид

Ангажирана велосипедската полициска патрола

Со цел зголемување на безбедноста за време на Велигденските и првомајските празници во Охрид, но и остварување поблизок контакт со граѓаните, СВР Охрид во своето редовно полициско работење, од денеска ја ангажира велосипедската полициска патрола.

Предвидено е, патролата, активно да се  вклучи во превентивното и репресивното полициско делување во централното градско подрачје, плажите, паркинг просторите но и во останатите делови од градот. Полициските службеници на велосипед, ќе работат на спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање на сторители на казнени дела, ќе преземаат мерки за одржување на јавниот ред и мир и мерки во сообраќајот.

По проектна иницијатива на Канцеларијата за односи со јавноста, велосипедската полициска патрола, СВР Охрид ја воведе во јули 2008 година, со претходна професионална обука за посебните техники на полициско велосипедско патролирање.