22/11/2024
Македонија

Анѓушев: Странските инвеститори внеле 78,8 милиони евра во првите три месеци

Вкупно 78,8 милиона евра во првите три месеци е влезен капитал на странските компании во земјава во првите три месеци истакна заменик на претседателот на Владата на Северна Македонија, Кочо Анѓушев. Тој посочи дека кај странските директни инвестиции постојат повеќе категории и непотребно се вознемирува јавноста од страна на некој што не ги познава доволно економските тековите.

„Оваа година капитал на странски фирми, коишто донеле пари да инвестираа во нашата државата во првиот квартал од 2019 година изнесува 78,8 милиона евра. Истата таа категорија во 2018 година капиталот на странски фирми изнесува 13 милиона евра, во 2017 година е 12, 9 милиона евра, 2016 година се влезени 20 милиона евра, 2015 година бројката изнесува 7,5 милиони евра, 2014 година вкупно 17,4 милиона, 2013 година 3,8 милиони евра и 2012 година капиталот на странските инвестиции изнесува 34,7 милиони евра. Ова се вистинските бројки на странски капитал донесен за инвестиции во нашата држава. Оваа година само во првиот квартал се 78,8 милиона евра, а просекот од претходните седум години изнесува 15,6 милиони евра или во 2019 година директните странски инвестиции, директните пари донесени за градење фабрики во државата се 5 пати повеќе од овој просек. Најдобра година во претходните 8 години е 2012 кога таа бројка е 34,7 милиони евра, а во 2019 година првиот квартал е за 227% подобар од најдобрата година во претходните осум“, изјави вицепремиерот Анѓушев.

Тој посочи дека ова е само уште еден показател дека за деветнаесетте фабрики што се градат во технолошко – индустриските развојните зони и уште оние шест што се градат надвор од зоните, или вкупно се градат 25 фабрики за кои странските компании внеле пари во нашата државата.

На прашањето зошто вкупната бројка е помала вицепремиерот објасни дека тоа е само заради тоа што оваа година имаме специфичка ситуација во која што има големи средства на компании, коишто испорачале производи од нашата држава а не ги наплатиле.

„Тоа се во главно од нивните мајки фирми и таа ставка изнесува 171 милион евра во првиот квартал. Ако на овие 171 милион евра се додадат на 21, 6 милион евра, тоа би била реалната ситуација. Со оглед на тоа што производството во странските компании порасна значително, тие сега имаат произведени и испорачани производи надвор од државата, а не наплатени. Тие пари не се стигнати во државата. Истата категорија мината година била 64 милиони евра. Тука имаме пораст затоа што компаниите имаат зголемена активност што соодветствува со индустрискиот раст. Ако има индустриски раст има зголемување на извозот, нормално е да има и зголемување на стапката на побарувања“, изјави Анѓушев.

https://www.youtube.com/watch?v=CC0FIcRMtKA