Анимираниот детски филм „Неверојатна приказна за Џиновската круша” во Центарот за култура
НУ Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид, на репертоар ќе го прикажува анимираниот детски филм „Неверојатна приказна за Џиновската круша”, филм базиран на истоимената книга за деца од Јакоб Мартин Стрид.Тоа е приказна за две другарчиња – слонот Себастијан и мачката Мичо кои се впуштаат во морска авантура за да го спасат исчезнатиот градоначалник Џи Би, кој еден ден мистериозно ми се губи трагата.
Филмот е наменет за деца на возраст од 4 до 14 години, истиот е синхринизиран на македонски јазик.Времетраење на филмот е 79 минути.
Кино проекција на филмот ќе има во вторник 08.05.2018 година, со почеток 19:00 часот. Влезот чини 100 денари.