22/11/2024
Македонија

Апел за Обединување на македонскиот народ и креирање на граѓанска алијанса за национална координација

Дојде до обединување на Македонците и на македонските субјекти од целиот свет. 

10 организации на Македонците од светот се обединија и подаваат рака на обединување на Македонците и на македонските субјекти во Македонија. Со цел да се спротивстават на непринципиелните политики против Македонскиот народ и за градење посветла иднина за младите, како надеж за иднината. 

За таа цел го праќаме овој Апел – Меморандум за Обединување и сплотување на македонскиот народ, до сите македонски родољубни  субјекти, до суверените, избирачите и гласачите. Истиот започна да се потпишува денес, 04.05.2024 г. во  Канцеларија во ТЦ Антико, Карпош 4. до КАМ маркетот, Бул. Партизански одреди бр. 82, лок.24. А, ќе продолжи и понатаму и потпишувањето и принесувањето на највредните македонски заложби, иницијативи, концепти, дела, проекти… пред Македонскиот и цивилизациски олтар, во Трезорот на македонските и цивилизациски вредности, во Македонскиот мозаик кој ќе продолжиме да го создаваме од сите светли и најсветли македонски камчиња и да продолжиме да го ткаеме Македонскиот ќилим од сите најубави македонски шари, врз потката која е самиот Македонски народ.

Сега е моментот да ги пресечеме антимакедонските политики, партиски програми и цели кои и понатаму го продолжуваат антимакедонскиот курс, а го бараат гласот и довербата на македонскиот народ и суверените!?

Македонскиот глас и доверба немаат цена и секогаш ќе се безвремени, бесценети и во интерес на Македонскиот народ и на Македонија.

Време е за родољубни, некорумпирани и некомпромитирани македонски претставници во власта, во Собранието и Владата, за да ги продолжиме нашиот од по македонскиот пат и опстој и нашето неприокосновено место меѓу народите и државите, како Македонски народ и Македонија!

Своите гласови и довербата да ги дадеме за оние кои застануваат и стојат цврсто за највисоките интереси на Македонскиот народ и на Македонија!

ДА ПРЕСТАНАТ СТРАДАЊАТА, ОБЕСПРАВУВАЊЕТО, ГЕНОЦИДОТ И УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НА МАКЕДОНСКАТА ЗЕМЈА И ДРЖАВА!