Арнаудоски: Во туристичката сезона Охрид ниту е чист, ниту е среден
Денес во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид се одржа прес-конференција на која говореше Илија Арнаудоски, советник во Советот на општина Охрид.
„СДСМ ветуваше дека ќе обезбеди услови за здрав живот за сите, а нивната Локална власт прави еколошка катастрофа. Тоталниот хаос и неорганизираност, незнаење и неумешност се нивна одлика. Градоначалникот Јован Стојаноски да излезе од кабинетот и да го види ѓубрето низ градот. Во туристичката сезона Охрид ниту е чист, ниту е среден. Охрид тоне во смет, преполни контејнери во екот на летните горештини. Охрид никогаш не бил позагаден. Згора на тоа кучињата-скитници го развлекуват сметот и го носат насекаде, со што целиот град ни наликува на огромна депонија.
Сето ова е доказ дека имаме неправилна грижа од страна на менаџментот на ЈП „Охридски комуналец“.
Жална и грда е сликата на дивата депонија во „Мауцкер“ каде што секој ден рано наутро без контрола се депонира градежен, но и комунален отпад од страна на ЈП „Охридски Комуналец“. Локалната власт предводена од СДСМ се однесува неодговорно и на незаконски начин депонираа отпад и ѓубре.
ВМРО-ДПМНЕ бара Државниот и општинскиот инспекторат за животна среднина да излезат на терен, да го констатираат еколошкиот хаос кој СДСМ го прави во градот и кај „Мауцкер“, а надлежните да одговараат за своите постапки.
Господа од СДСМ која порака ја испраќате на гостите од странство, што ќе мислат тие?
Дали знаете дека во летниот период можноста за зарази е повеќекратно зголемена и е директна опасност по здравјето на граѓаните?
СДСМ и градоначалникот Стојаноски докажаа дека не можат да се справат со потребите и барањата на охриѓани и гостите. Сето тоа доведе до општ хаос во паркинг просторот, хаос во сообраќајот, полни контејнери со ѓубре, неисчистени улици, бучава во ноќните часови, самоволно однесување на таксистите и превозниците, излеани фекалии во езерото, непочитување на работното време на угостителските локали.
СДСМ наместо да се занимаваат со лаги и интриги, да понудат програма и дела. Доста создавате проблеми, започнете со решавање на проблемите.“ – истакна Арнаудоски.