29/11/2024
Македонија

Арсовски: Катица Јанева го претвори СЈО во рекетарски бизнис со поддршка на Заев и СДСМ

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Катица Јанева вчера даде изјава со која обзнани дека многу други луѓе уценувале и знаела за тоа ама не пријавила.

Катица Јанева призна дека освен двајцата осомничени кои што се приведени уште многу други луѓе уценувале и рекетирале повикувајќи се на нејзиното име односно повикувајќи се на СЈО.

Прашањата на кои што мора да одговори уште веднаш не само таа туку и СДСМ се следните:

Кои се другите луѓе кои рекетирале во име на Катица Јанева и на СЈО?

Зошто Катица Јанева цело време знаела дека и други луѓе освен Боки 13 рекетираат во нејзино име, но целиот тој период не пријавувала? Дали можеби се офајдила од она што го добивале за возрат?

Дали Катица Јанева призна практично дека дел од тие луѓе односно други луѓе кои што рекетирале се и Кики и Фрики кои што се од врвот на раководството на СДСМ и исто така рекетирале во нејзино име?

Колку време Катица Јанева рекетирала со овие луѓе и со Боки 13?

Дали сега веќе ги пријави Катица Јанева истиве овие луѓе што рекетирале и дали можеби и за нив има постапка?

Катица Јанева го претвори СЈО во рекетарски бизнис но нормално со поддршка на Зоран Заев и на СДСМ.

Почитувани,

Рекетот потекнува директно од СДСМ и Катица Јанева ги кријат сите овие луѓе само за да не се дознае вистината за рекетарите од врвот на СДСМ.

Зоран Заев и Катица Јанева ја направија најголемата рекетарска шема каде што изрекетирале десетици милиони евра под превезот на СЈО.

Веќе и на малите деца им е јасно дека ова е многу повеќе од индивидуален обид за рекет на Бојан 13-ка кој што можеби е само еден од пипците на октоподот на чие чело стои Зоран Заев.

Рекетарските и криминални приказни во јавноста опфаќаат многу други имиња кои Катица Јанева треба да ги каже во обвинителството и сите заедно да одговараат заедно со нејзе и со Зоран Заев односно со поддршката од СДСМ.    

https://www.youtube.com/watch?v=JtgFQ6wiT9M