Арсовски: Русковска обвинителството чекаше 6 месеци во насока на уништување на трагите кои водат кон Заев
Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Целиот врв на СДСМ е вмешан во случајот “Рекет”.
Истрагата наместо да се фокусира на обезбедување на докази за инволвираноста на главата на октоподот, Русковска обвинителството шест месеци работи во насока на уништување на трагите кои водат кон Зоран Заев.
Уште од обелоденувањето на аферата „Рекет“ целата домашна и меѓународна јавност знаеше за улогата на Фрики во случајот Рекет. За жал не видовме конкретна мерка од страна на органите на прогонот со што уште повеќе се подгеаја сомнежите дека главна цел на делувањето на Русковска е подготвување на терен за спогодување со инволвираните. Очигледно е дека на тој начин ќе се влијае тие да не го посочат нивниот претпоставен, односно главата на октоподот Зоран Заев.
Новото проширување на истрагата е задоцнето и наликува на пресметка на параполициските структури во рамки на СДСМ, упатените добро знаат што збориме. Веројатно проценката е дека со откажување на заштитата на Фросина Ременски , притисокот врз Заев би се намалил.
Фросина Ременски целиот овој период беше оставена да врши надзор над безбедносните служби, а нејзиниот сопруг Јовче Ременски да учествува во селекцијата на кадри за новата Агенција за национална безбедност, иако сите ја знаеја нејзината улога во Рекет.
Почитувани,
Љубомир Јовевски бесрамно и очајнички тврдеше пред само 2 месеци дека нема вмешани политичари во случајот Рекет. Денеска потврди дека биле вмешани и политичари и тоа од власта. Што рече порече. Класично обвинителство под контрола на Зоран Заев.
Срамота е што се чекаше шест месеци за конечно некој од раководството и власта на СДСМ да биде осомничен за рекетирање.
Ова што го гледаме не е правда. Ова што го гледаме е фарса и изигрување на правдата со само една цел, главата на октоподот Зоран Заев да се спаси од прогон заедно со уште неколку пиони од неговата партија.
Следува Обнова на Македонија. Сите што треба да сносат одговорност ќе одговараат за се што сториле пред судовите кога ќе се врати правдата во Република Македонија. Тоа ќе се случи кога СДСМ ќе падне и верувајте дека граѓаните и Република Македонија го заслужуваат тоа.