26/11/2024
Охрид

Aтрактивен избор на стари фотографии од германскиот фотограф Курт Хејлишер

Во Куќата на Уранија МАНУ, во Охрид, течат интензивни активности на нашата највисока научна институција – Македонската академија на науките и уметностите.

Синоќа, во рамките на овогодишната Охридската научна и уметничка визита, на публиката и беше приопштен атрактивниот избор од стари фотографии на германскиот автор Курт Хејлишер.

Пред бројната публика, експонатите ги претстави академик Катица Ќулафкова.

„Станува збор за едно специфично патешествие од времето на 1910тите, 1920тите и 1930-тите години, во тогашното кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Хејлишер бил во посета на подрачја од Босна до Македонија. Направил 1200 фотографи од кои самиот Хејлешер избрал 191 фотографија и објаснил дека сака да го покаже атрактивниот различен карактер на земјите, архитектурата и начинот на живот на тогашните Југословени. Направил посебен албум за фотографиите од Македонија, кои, покрај документарна имаат и уметничка вредност, бидејќи до израз доагаат самите изрази на лицата, но и на носиите и амбиентот.“ – потенцираше академик Ќулафкова.

Хајлишер е автор е на неколку значајни и успешни книги со земјописи, архитектура и фотографии за Италија, Шпанија, Германија.

Поради својата работа бил поканет во Белград од страна на тогашната власт на кралството СХС (кралство на Србите, Хрватите и Словенците).

Од Охрид, изложбата се сели во Бигорскиот манастир, каде ќе добиа посебна специфика и атрактивност, бидејќи, таму ќе бидат изложени и оригиналните носии, предмети и други вредности, што можат да се забележат на фотографиите на Хајлишер.

Веле Митаноски