Авалон продукција, и ова лето, испишува музичка историја на охридското езерско крајбрежје
Неприкосновените продукциски лидери на македонската и балканската музичка сцена, Авалон продукција, ова лето ја испишува модерната музичка историја на брегот на Охридското Езеро.
Следствено на нивната богата творечка и продукциска дејност, и онака како што доликува на светски позната продукциска куќа, во духот на прославата на нивната 25 годишна мултиуспешна музичка приказна во која оставија парчиња музика и настани вредни за паметење, Авалонци најавуваат уште едно неверојатно спектакуларно издание на Оhrid Calling.
Имено, тие за прв пат на македонско тло, на задоволство на многубројната публика и фанови во Македонија и ширум балканските простори ги носат легендарните Димитри Вегас и Like Mike, на први август годинава, во ноќта спроти Илинден.
Во рамки на тридневната фестивалска програма, ќе блеснат и ѕвездитe Џакс Џонс и Роџер Санчес на 02.08.2018, а кулминацијата се очекува со перформансот на Армин Ван Бурен, еден од најдобрите светски ди-џеи во моментот.
Билетите за настанот може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.mk низ цела Македонија, на градскиот плоштад во Охрид, и во Југотон во Скопје. Цената за партер 1 е 1.500 денари, за партер 2, 1000 денари и за ФАН ПИТ, 2000 денари.