19/09/2024
Македонија

Автомобил прегази мечка на патот Гостивар-Охрид

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна несреќа, при што возило удрило во мечка – утрово во 05:37 часот.

Повредени во патничкото возило нема, додека мечката починала на лице место.

Настанот се случил на патниот правец Гостивар-Охрид, кај вториот каменолом.

На местото на несреќата присутни се полициски службеници од ПС Гостивар и увидна екипа.

Исто така известени се и Национален Парк Маврово и ТППЕ Гостивар за отстранување починатата мечка од магистралниот пат.


WebOhrid / 19.06.2024 / ЦУК