Азбест во езерото
(Трпејца, 05-08-2024) Ако Трпејчани и понатаму сакаат да живеат од туризам ќе мораат посериозно да се позанимаваат со нивната непосредна околина. Не е доволна местоположбата на селото и прекрасните, сеуште недоволно чисти, езерски води во трпејчкиот залив.
Денес, јас и мојата другарка, од водите на езерото на само два метри од обалата, извадивме околу 3 м. кв. искршени азбестни плочи. За да не бидат повторно фрлени во езерото, баравме помош за нивно одстранување од обалата каде ги оставивме но помош не добивме.
Апелирам до Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид да интервенира. Апелирам до локалните еко организации, до Охридски Комуналец овој отпад да биде отстранет бргу и прописно. Апелирам до Трпејчани да се однесуваат одговорно и прописно да го отстрануваат отпадот наместо да го фрлаат во езеро. Апелирам до туристите и вљубениците во Трпејца да реагираат и да бараат поголема грижа за отпадот и чиста средина. Разочарувачки е ниското ниво на луѓето во однос на отпадот. Едноставно не им пречи и е дел од културата на живеење во Македонија.
Љ.И. (читател на WebOhrid)
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност