22/11/2024
Македонија

Балетот „Оревокршачка“ на сцената на Македонската опера и балет

На сцената на Македонската опера и балет денеска (30 јануари), со почеток во 20 часот, ќе биде прикажан балетот „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски. Ова балетско дело, чие либрето е по сказната на Т. А. Хофман, ќе има две репризни изданија, и тоа на 31 јануари и 2 февруари…

Во главните улоги настапуваат Марија Кичевска – Шокаровска и Бобан Ковачевски, како и првенци, солисти и целиот балетски ансамбл на МОБ, а со оркестарот на МОБ ќе диригира Бисера Чадловска. Кореограф на популарната балетска претстава е Василиј Иванович Ваинонен од Русија, сценографијата ја изработи Анатолиј Нежњи, исто така од Русија, додека костимограф е Љупка Ристовска.

Од Македонската опера и балет потенцираат дека овој балет е ултимативна новогодишно-божиќна бајка која мириса на снег, карамела и на цимет.

– Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и` е доста од „Оревокршачка“ пред и после Нова година, секоја година – нагласуваат од МОБ во најавата за претставата.