Балетот при МОБ награден со „Златна Оревокршачка“ за 2017-та во Рим
Балетот на Македонската опера и балет, на меѓународниот фестивал за танц ја доби престижната награда „Златна Оревокршачка“ 2017 (“Lo Schiaccianoci d’Oro” 2017) во категоријата за извонредност на театри во светот, што се одржа на 11 декември во театарот Квирино, Рим (Италија)…
Наградата во име на Македонската опера и балет и беше врачена на Олга Панго, уметнички раководител на балетот, а ја додели балетската легенда Карла Фрачи (Италија).
На гала – вечерта, настапија балетските првенци на МОБ Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.