Барањата за финансиска поддршка за органско производство ќе се поднесуваат до 25 декември
Во тек е рокот за поднесување на барања за финансиска поддршка на земјоделски производи за органско производство, кој ќе трае до 25 декември 2017 година.
Земјоделските стопанства и откупувачите нивните Барања ќе можат да ги поднесат за следните намени:
- Преработка на органски производи и производи во преод од домашно производство, вклучително доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло;
- Трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и производи во преод од домашно потекло;
- Стручна контрола и сертификација;
- Анализа на својства на почва и производ кај земјоделски стопанства кои имаат извршено агрохемиски, педолошки или анализа на остатоци од пестициди, тешки метали и други материи на почва и во органски производи во 2017 година.
Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Исто така, до 25 декември 2017 година се поднесуваат барања и за финансиска поддршка за произведени и продадени градинарски и овошни култури во прерабоувачки капацитети и винско грозје во регистрирани капацитети за прозводство на вино во Република Македонија.
За подетални информации контактирајте со Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка во развојот на земјоделството при Општина Охрид или на телефонот 046-230-175.