06/10/2024
Охрид

Баталјонот за специјални сили на АРМ ќе реализира показна вежба кај комплексот „Свети Наум“

Денеска (31.07.2024) од 11:00 до 14:00 часот и утре (01.08.2024) од 12:00 до 14:00 часот, на дел од просторот на комплексот „Св.Наум“ во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро кај комплексот „Св.Наум“, ќе употребат атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.

Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на Полициската станица Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.

СВР апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој настан.


WebOhrid / 31.07.2024 / СВР Охрид