Базар на охридски ракотворби
Под покровителство на Локалната самоуправа и Националната установа „ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј“ од Охрид, вечерва во 19:00 часот, на Сараиште, свечено ќе биде отворен Базар на охридски ракотворби. На базарот, што ќе трае до 27 август, на 8 тезги ќе бидат претставени 16 изработувачи на автентични охридски ракотворби.