26/11/2024
МакедонијаОхрид

Белгискиот авиопревозник „Брисел ерлајнс” од јуни годинава започнува со летови до Охрид

Македонија следна дестинација за белгиските туристи!

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 7-ми до 10-ти февруари ги претставува туристичките потенцијали на Македонија на Интернационалниот саем за туризам во Брисел “Salon des Vacances”. Настапот и учеството на саемот е неминовност од аспект на  мноштво на можности за конектирање на бизнис секторот и проширување на туристичкиот пазар. Саемот за туризам е посетен од страна на 105.000 посетители од 800 дестинации и 350 егзибитори.

Важноста од нашето присуство меѓу останатите европски и светски дестинации беше истакнато од македонската амбасада во Брисел и вршител на должност, г. Јон Ивановски, кои го посетија македонскиот штанд на отворањето на саемот.

Македонија оваа година ќе биде лесно достапна дестинација, истакнуваат од  Агенцијата за туризам. Белгискиот авиопревозник “Брисел ерлајнс” од 17-ти јуни оваа година ќе лета до Охрид. На нивната официјална веб страна Охрид е промовиран како еден од оние градови што никогаш не се забораваат. Дестинацијата ја гледаат како вистински дијамант кој сѐ уште не е откриен од масовниот туризам. Охрид го доживуваат како можност за поинакво искуство каде ќе можат да се најдат рурални предели со уникатни пејсажи, прошетки по магичното езеро, плажи, бесконечно калдрмирани улици, а пред се, место со наследство под заштита на УНЕСКО!

Директоорт на Агенцијата за туризам, г-дин Љупчо Јаневски потенцира дека бројот на туристи од Белгија продолжува да расте во континуитет. Во 2018-та во споредба со 2017-та година, растот на белгиски туристи во Македонија во период јануари-ноември е зголемен за 33%, додека бројот на остварени ноќевања бележи раст од 25 отсто.

Уште поголемата заинтересираност за паување ќе ја надополните со организација на информативни патувања во Македонија за новинари, блогери, инфлуенсери и тур-оператори од белгискиот туристички пазар, кои ќе ја шират убавата приказна за нашата земја.