Бесплатен паркинг во Охрид за Божик
ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека ден 07.01.2020 (вторник) јавниот градски паркинг со кој стопанисува Јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божиќ и на таков начин ЈП „Билјанини Извори“ се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање.
ЈП „Билјанини Извори“ им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет.
За многу години “Христос се роди”!