Бесплатен паркинг за Божик на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“
ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека ден 07.01.2022 (петок) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници.
Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божиќ и на таков начин ЈП „Билјанини Извори“ се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање.
ЈП „Билјанини Извори“ им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет.
WebOhrid / 05.01.2022 / ЈП „Билјанини Извори“