Бесплатен паркинг за Велигден на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“
ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека ден 02.05.2021 (недела) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници.
Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Велигден.
ЈП „Билјанини Извори“ им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Северна Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и благосостојба.
Нека ни е честит големиот христијански празник! ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!