Бесплатен паркинг за Водици на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“
ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека на ден 19.01.2025 (недела) јавниот градски паркинг со кој стопанисува претпријатието ќе е бесплатен за сите нејзини корисници.
Одлуката традиционално се носи во име на големиот христијански празник Богојавление – Водици.
ЈП „Билјанини Извори“ на сите учесници на неделниот настан им посакува мирно езеро и добро здравје.
За многу години!
WebOhrid / 17.01.2025 / ЈП „Билјанини Извори“