Бесплатна театарска претстава „Крик за љубов“ за сите средношколци од Прва година во Охрид
Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид како организатор и незаобиколен фактор на културниот живот во Охрид и во неговата околина успешно развива бројни културни содржини што ги анимира граѓаните и особено младата генерација за таа цел нашата Установа со почетокот на новата театарска сезона 2022/23 година почна со континуирано прикажување на театарски претстави.
„За успешен почеток на школската година нудиме БЕСПЛАТНА посета на театарската претстава „Крик за љубов“ за сите средношколци од ПРВА година од градот Охрид. Театарската претставата „Крик за љубов“ е романтична комедија создадена од француската писателка Жозиен Баласко а во режија на Љупчо Георгиески. Улогите ги толкуваат Никола Тодороски, Горан Стојаноски, Ивица Цонев и Адријана Билаловиќ Тодороска.
Младата популација повторно да ја насочиме кон културните вредности во пост Ковид периодот, бидејќи културата го дефинира идентитетот младиот човек и го регулира неговото натамошно однесување.“ – информираат од Центарот за култура „Григор Прличев” – Охрид.
Претставата ќе се одигра на 30.09.2022 (петок) со почеток во 20:00 часот (ограничен број на посетители).
WebOhrid / 28.09.2022 / Центар за култура „Григор Прличев” Охрид