Бесправна градба на ул. „Марко Нестороски“ во Охрид, приведени тројца градежни работници
На 03.09.2019 во 18.15 часот, по барање од Секторот за градежна инспекција при општина Охрид, поради постоење основи на сомнение за изведување бесправна градба на улица „Марко Нестороски“ во Охрид, приведени се градежните работници Л.В.(28), Н.В.(34), двајцата од струшкото село Радолишта, како и Е.Б.(30) од Република Албанија.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
Pingback: Локалната самоуправа цврсто е определена брзо и ефикасно да се справува со дивоградбите во Охрид • WebOhrid