Безбедно подигнати гранати од Првата светска војна во битолско
Во атар на с.Крклино пронајдени се две артилериски не експлодирани гранати од Првата Светска Војна. Едната граната е 75 мм, а другата 125 мм. Интервенирано е од стручно лице од ДЗС Битола и гранатите се безбедно подигнати.
Исто така, во атар на с.Братиндол кај хотел Амбасадор пронајдена е една артилериска граната 75 мм од Првата Светска Војна и истата е подигната околу 11:55 часот од страна на стручно лице од ДЗС Битола.