29/11/2024
Охрид

Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна

Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна. Во периодот од 07 часот на 19.04. до 07 часот на 20.04.2020 година, вкупно петнаесет лица ја прекршиле забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Охрид-2, Струга-8, Кичево-5). Тие се приведени и против нив, ќе бидат поднесени кривични пријави во согласност со член 206 од Кривичниот законик “непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и други казнени дела и сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација..Полициските службеници извршија 43 контроли на угостителски објекти.

Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана за движење.Апелираме на совесно и дисциплинирано придржување до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.