25/11/2024
Охрид

Бидете хумани, донирајте за помош на малата Ева Крстаноска!

Се уште нема доволно средства за помош на 11 годишната наша сограѓанка Ева Крстаноска, која боледува од леукемија и потребно е да и се изврши итен оперативен зафат во Германија.

„Лекувањето на нашата Ева во Германија е се уште неизвесно. И покрај нашето инсистирање за лекување на Ева во клиника во Германија, фондот одобрува 145.000 еур за лекување во Турција. На поднесената жалба за пренасочување на одобрените средства за лекување на клиника во Германија, веќе недела дена немаме повратен одговор од Фондот за здравство. За Ева секој ден е борба, секоја минута е многу важна.“- стои во известувањето.

Се молат сите хумани луѓе да помогнат, да се обезбедат потребните парични средства за лекување на Ева, со тоа што може да донирате на следните телефонски броеви:

143 116 ТЕЛЕКОМ

143 502 ВИП

Донирајте, бидете хумани!