„Бикини Мун“ премиерно во Центарот за култура во Охрид
Најновиот филм на Милчо Манчевски следнава недела премиерно ќе биде прикажан на репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид.
„Бикини Мун“ е првиот американски филм снимен во Њујорк. Во оваа модерна, урбана бајка сместена во скршениот идеал на семејството – една харизматична бездомничка го привлекува вниманието на филмска екипа, која снима документарец и која е спремна да ја искористи нејзината приказна за да се прослави во светот на независните филмаџии. Главните улоги ги играат Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис.
Влезниот билет е 100 денари. Кино проекциите ќе има во деновите, понеделник 21.05.2018 г., вторник 22.05.2018 г. и среда 23.05.2018 г., со почеток во 20:00 часот.
Времетраење на филмот е 102 минути, земја: САД, жанр: драма.
https://www.youtube.com/watch?v=9nnbV1vEVsI