23/11/2024
Охрид

Битолчани краделе во куќи и апартмани во Охрид

Поради постоење основи за сомнение дека е сторител на вкупно седум казнени дела од кои, две „кражба“, три тешка кражба“ и две „тешка кражба во обид“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.С.(27) од Битола. Во пријавата поради сторени шест казнени дела „помагање“, опфатена е и С.С.(49) како и Ѓ.Б.(47) од Битола, за сторени шест казнени дела „поттикнување“.

Пријавениот В.С. казнените дела ги сторил во периодот од 11 август до 09 септември 2019 година, на улиците „Климентов универзитет“, „Кузман Капидан“ „Кочо Рацин“ „Кирил и Методи“ и „Нада Филева“ во Охрид, каде, од повеќе куќи и апартмани одземал пари, мобилни телефони и други вредни предмети. За време на извршувањето на кражбите, второпријавената С.С. вршела обезбедување и набљудување на просторот околу куќите додека третопријавениот Ѓ.Б. со возило ги превезувал и ги чекал на договорени места.