24/02/2025
Македонија

Битолчанка и орхиѓанка повредени во сообраќајна незгода

На 25.11.2017 година околу 02:30 часот кај Братин Дол во Битола се случила сообраќајна незгода во која Е.М. (23) од Битола, управувајќи патничко возило „Ауди А3“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двете сопатнички А.К. (20) од Битола и А.Б. (24) од Охрид. А.К. била задржана во Клиничка болница Битола на понатамошно лекување, додека А.Б. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Општа болница Охрид каде била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.