Блокотехна ја освои шампионската титула во БИБЛ
Единаесеттото издание на балканската БИБЛ лига го донесе и вториот шампион во ова регионално натпреварување од нашата република – Блокотехна. Осум години претходно, во сезоната 2010/2011, во ова натпреварување триумфира Фени Индустри на завршниот турнир одржан во Кавадарци.
Ланската сезона (2017/2018) кошаркарите предводени од Марјан Илиевски завршија како второпласирани во регуларниот дел од првенството, но на завршниот турнир беа елиминирани во полуфиналето. Оваа сезона, кошаркарите на Блокотехна се пласираа на втората позиција на табелата во регуларниот дел, зад Берое, а на завршниот турнир триумфираа против Академик Бултекс во полуфиналето и против Теута во финалето.
За Блокотехна ова е втора натпреварувачка сезона како дел од балканската лига.