Богат музички викенд на Охридско лето
Музичката програма на „Охридско лето“ за викендов (11 и 12 август) нуди концерт на Жана Марчинска на виолончело и Гана Гусиева на пијано од Украина. На програмата се дела од Лисенко, Равел, Барбер, Пјацола, Шопен и Силвестров …
Посебно доживување за пошироката фестивалска публика, ќе биде и концертот на „Амира трио“, групата која изведува песни од традиционалниот мелос на овие простори на посебнен, уникатен уметнички начин. Триото кое го предводи вокалистката Амира Медуњанин го сочинуваат и Анте Гело – гитара и Звонимир Шестак на контрабас.
Концертите ќе се одржат на сцената во предворјето на катедралната црква „Света Софија“, со почеток во редовниот фестивалски термин од 21 часот.