22/11/2024
Спорт

Богат спортски пливачки викенд во Охрид

Клубот за спортови на вода „ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008“ Охрид, најавува богат спортски пливачки викенд во Охрид, на Охридското езеро.

Третиот по ред Олимпискиот пливачки маратон на 10 км. “Охрид 2019” и за прв пат, Македонскиот куп во далечинско пливање на 2,5 км. и 5 км. се пливачки настани кои во организација на Клубот за спортови на вода „ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008“ Охрид ќе се реализираат на 10.08.2019 г. (сабота) на Охридското езеро на водената површина помеѓу „Старото пристаниште-х.Палас” и х. Милениум. Предвидени се три старта, почнувајќи од 12 часот.