16/09/2024
Дебрца

Богатата збирка, надополнета со триесетина нови дела на Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ во пресрет на 4-деценискиот јубилеј

После десетдневно, активно ликовно создавање, заврши 39-та, по ред, Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024“.

Годинава, на најстарата ваква манифестација кај нас, учествуваа 11 ликовни уметници, од Македонија, потоа, Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли (монголскиот конзул), како и тројца учесници од Србија и двајца учесници од Црна Гора.

Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ располагаше со најбогат фонд уметнички дела во земјава, над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценлив македонски придонес кон светското културно наследство. Кон нив, во пресрет на 4 деценискиот јубилеј – догодина, придодадени се уште триесетина, изработени оваа година. Истата претставуваше едно ново искуство со други учесници кои за колонијата оставија извонредни дела. Јас се надевам на повторна средба со истите, бидејќи не само што имав прилика да уживам во тие дела, туку и да создадам незаборавни спомени со толку прекрасни личности. – се обрати на крајот претседателката на Здружението Ликовна колонија – Дебрца, магистер инженер архитект, Мартина Целеска.


WebOhrid / 01.07.2024 / Здружение Ликовна колонија – Дебрца