Богослужба и мал водосвет по повод празникот Света великомаченичка Недела во Долно Коњско
Се известуваат верниците, дека на 20.07.2024 година во храм Св Недела, долно Коњско, по повод празникот Св.вмч-чка Недела ќе има богослужба од 7 часот. По литургијата ќе има мал водосвет и благословување на празничниот леб.
Повеќе за Црквата Св.Недела во Коњско
Храмот започна да се гради во 2007 година по иницијатива на Црковниот одбор, според проект на директорката Завод и Музеј Охрид, Тања Бунташеска Паскали, а се изгради со донациите на локалните жители, како и жителите од пошироката околија.
Инаку, црквата „Света Недела“, беше осветена на 13-ти јули 2014 година, на празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли – Павловден.