Бојан Цветкоски е среќниот фаќач на светиот крст во Коњско
Празникот Богојавление-Водици, традиционално, освен на Градскиот плоштад во Охрид, се одбележува и на другите населени места.
Со песни и ора се одбележа и во населбата Коњско, каде меѓу 12-мината скокачи, најсреќен беше 17 годишниот Бојан Цветкоски.
Се смета дека оној што ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година.
WebOhrid