07/04/2025
Спорт

Борис Ројевиќ нов тренер на ГРК Охрид од сезона 2025/2026

Српскиот ракометен стратег Борис Ројевиќ од лето го презема ГРК Охрид. Тој ќе биде на чело на клубот во наредните три сезони.

Претходно Ројевиќ работеше во РК Војводина од Нови Сад, Србија, каде остави голема трага освојувајќи бројни домашни и меѓународни трофеи.

Во прилог спортската биографија на новиот шеф на стручниот штаб на ГРК Охрид:

Име: Борис Ројевиќ

Дата на раѓање: 13.01.1980 г

Националност: Србин

Јазици: Српски, Англиски

Кариера РК Војводина:

2024/25

Победник на српскиот Супер куп

Победник на „Сесрпски куп“

2023/24

Топ 16 ЕХФ Европска лига

Победник на српската Супер лига

Победник на Купот на Србија

Победник на „Сесрпски Куп“

3 место на турнирот во Добој

2022/23

Освојувач на ЕХФ Европска лига

Победник на српската Супер лига

Победник на Купот на Србија

Победник на „Сесрпски Куп“

2020/21

Победник на српската Супер лига

Победник на Купот на Србија

2019/20

Победник на Купот на Србија

Победник на „Сесрпски Куп“

Победник на српскиот Супер куп

2018/19

Победник на српската Супер лига

Победник на Купот на Србија

Победник на српскиот Супер куп

6 место Сеха лига

Финалист на турнирот во Добој

2017/18

Победник на српската Супер лига

Назначен за тренер на сениорскиот тим на Србија во март 2017 година

2013 – 2017

Победник на повеќе интернационални турнири

Освојувач на српското првенство У14,У16 и У18

Репрезентација:

Селектор на репрезентацијата на Србија

Асистент во сениорската репрезентација (Сел. Тони Герона)

Селектор на јуниорската репрезентација на Србија (ген.1998) 13 место на СП Шпанија

Едукација:

Факултет за спорт (Универзитет „Никола Тесла“ – Белград)

EHF MASTER COACH

Награди и признанија:

Прогласен за најуспешен тренер во Србија од страна на Ракометната федерација на Србија и Асоцијацијата на тренери во сезоните: 2017/18, 2019/20, 2022/23 и 2023/24.


ГРК Охрид / 28.03.2025