23/11/2024
Спорт

Борјан Бранковски 21-во место на ОИ Токио 2020 со нов национален рекорд

На Олимпискиот турнир во спортско стрелаштво, во дисциплината воздушен пиштол 60, Борјан Бранковски оствари резултат од 573 кругови (или по серии: 94, 93, 98, 95, 96, 97) со пласман на високото 21-во место. Овој резултат е личен и национален рекорд остварен на Олимписките игри Токио 2020 и за само пет кругови Борјан пропушти влез во финалето и борба за Олимписки медал. Со овој резултат, најдобриот македонски стрелец (24 години) докажа дека и тоа како има потенцијал и висок квалитет за уште поголеми дострели на меѓународен план.

Ова е голем успех за Борјан Бранковски и неговиот тренер Јордан Тасевски и веруваме дека допрва овој тандем ќе не израдува со многу високи спортски резултати на национално и меѓународно ниво.