22/11/2024
Охрид

Божик за најмладите

Христовото Рождество е радост за небото и земјата, зашто од Дева се роди Словото – Спасителот на светот, Кој дојде во светот за да го избави човекот од гревот и смртта. А кој може повеќе и почисто да се радува на Богомладенецот од оние најчистите по срце – децата, кои и оваа година со радост и неискажлива среќа дојдоа кај Дедо Владика да му го честитаат Рождеството Христово со поздравот: Христос се роди!

Како и секоја година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, приреди прием за свештенството и најмладите од Епархијата, а на нивниот радосен поздрав, Митрополитот Тимотеј им возврати со Божикно пакетче.


WebOhrid / 07.01.2024 / Дебарско-кичевска епархија