01/02/2025
Охрид

Божикна честитка од градоначалникот Пецаков

Градоначалникот Кирил Пецаков по повод најголемиот христијански празник Божик, упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан, до членовите на Синодот, до свештенството, како и до  сите православни верници од  Охрид и Македонија.

Божиќ е празник на семејството, празник на среќата. Да правиме добри дела, да имаме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни , да го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено.

 Вербата  во Бога и понатаму нека нè води на нашиот заеднички пат, уште повеќе нека нè зближи во нашата соработка и взаемно почитување, нека ни даде сила и поткрепа да ги умножиме причините кои нè соединуваат и да ги надминеме  сите препреки. 

Вечерва, спокојно  во мир и хармонија, со љубов и радост да  ја слушнеме убавата вест за раѓањето на нашиот спасител Исус.

 Со верба во Бога, чиста мисла, посветеност и   многу труд, зачекоруваме во деновите што се пред  и   ќе направиме уште повеќе за нови радости и напредок на  нашиот убав Охрид.  

Да сте ми живи и здрави, среќни и весели Божикни празници!


WebOhrid / 07.01.2025 / Општина Охрид