Божиќна честитка од ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Струга упатува честитка до сите православни верници по повод големиот христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ!
„Божиќ е најрадосниот христијански празник во чија основа се принципите на љубов, благодарност и почит кон ближните.
Христовото раѓање не подучува да се радуваме на едноставните работи, миговите на благосостојба во домот, љубовта кон луѓето и хуманоста.
Да успееме да ја зачуваме топлината и хармонијата во домот, како на Божиќ, така и во текот на целата година. Да бидеме подобри и да сакаме посилно затоа што вербата ја прави секоја мисија возможна, надежта го прави секој подвиг достижен, а љубовта ги прави сите наши дела подобри!
Нека овој ден ни ги исполни срцата со блаженство, нека нè потсети да го прославиме Христовото раѓање и нека ни ги исполни домовите со мир, благосостојба и хармонија.
Среќен Божиќ, Христос се роди!“– стои во честитката.