Божиновски: Еден краткотраен дожд ги извади на површина неработата, неодговорното и импровизирано работење на Георгиески
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше портпаролот и кандидат за советник во Советот на општина Охрид, Перчо Божиновски.
„СДСМ и Георгиески се синоним за урбана мафија и некултура, никако за урбана култура.
Улиците во Охрид поплавени, а тие спијат, како што впрочем и го преспаа целиот мандат.
Еден краткотраен дожд направи целосен хаос по улиците низ Охрид и ги извади на површина неработата, неодговорното и импровизирано работење на Георгиески.
Ако ваквото функционирање е најдоброто за нашата општина тогаш како ли е најлошото?
Со оваа власт реконструкцијата на улиците оди бавно, неквалитетно и селективно.
Георгиески да одговори по кој критериум се врши асфалтирањето?
Дали сето тоа е само предизборен маркетинг и популизам?
За брзо следува одговорност за нестручноста и непрофесионализмот во изведувањето на активностите.
Развиена мрежа на атмосферска канализација е еден од главните услови за превенција од поплавени улици при дождови.
Новото советничко мнозинство и новиот Градоначалник на Општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ гарантираме квалитени инфраструктурни, водоснабдителни и канализациони системски решенија.
Потребни се промени, проекти и победи!
Заокружи 7 за подобар Охрид!“ – истакна Божиновски.