23/11/2024
Охрид

Божиновски: Гарантираме добри инфраструктурни, водоснабдителни и канализациони системски решенија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше портпаролот и кандидат за советник во Советот на општина Охрид, Перчо Божиновски.

„Гарантираме добри инфраструктурни, водоснабдителни и канализациони системски решенија кои обезбедуваат континуиран развој на Општина Охрид.

Преку изградбата и реконструкцијата на водоводните и канализационите системи, паралелно со уредувањето на зелените површини директно се придонесува за почиста и поздрава животна средина за сите.

Гарантираме:

РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНИОТ СИСТЕМ.

Проектот предвидува изградба или доизградба на канализационен систем во населба „Гоце Делчев“ – Бараки, село Долно и Горно Лакочереј, село Подмоље, село Трпејца како и во сите населени места каде што има потреба од истата.

Се обврзуваме за:

ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НИЗ ОПШТИНА ОХРИД.

Атмосферска канализација на територија на општина Охрид. Целта е унапредување и заштита на животната средина, подобрување на условите во делот на уличната инфраструктура.

Заокружи 7 за изградба на водоводни и канализациони системи.

7 за почиста и поздрава животна средина.

7 за Промени, Проекти, Победи!

7 за Д-р Кирил Пецаков и новото советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“.“ – истакна Божиновски.