Божиновски: Гарантираме заштита и негување на културата и уметноста
„Гарантираме заштита и негување на културата и уметноста.“ – истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и кандидат за советник во Советот на општина Охрид, Перчо Божиновски.
„Охрид претставува ризница на културни, традиционални, историски и религиски вредности.
Охрид е центар на многу меѓународни манифестации, национални културни настани, концерти и претстави, изложби и промоции.
Уникатните вредности на градот ни даваат насока и обврска за културен ефект во секоја активност којашто ја цениме како промотор на градот, зголемување на неговите вредности и зачувување на градските ликови и нивните дела.
За културен блесок на Охрид гарантираме:
Меѓународна културна промоција на градот преку поддршка на културни и верски манифестации.
Продолжување на традицијата и негување на верските обичаи.
Поддршка на издавачка, музичка, литературна, театарска, филмска и друга сценска дејност.
Заокружи 7 за Култура за сите!
7 за Промени, Проекти, Победи!
7 за Д-р Кирил Пецаков, и ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“!“ – истакна Божиновски.