Божиновски: Корисниците за социјална помош, постојана парична помош и невработените се излажани
Денес во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид се одржа прес-конференција, на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.
„Со СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески нема напред, а Охрид и охриѓани ги враќаат назад и само назад.
По објавениот јавен повик во јануари за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги граѓаните сèуште чекаат на таа мерка.
Зошто градоначалникот Георгиески не обезбедува остварување на социјална заштита нa охриѓани со мерките за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици?
Корисниците за социјална помош, постојана парична помош и невработените се излажани.
Наместо 670, 00 денари месечно за секој корисник на субвенцијата тие добиваат исти сметки од Јавните претпријатија како останатите граѓани.
Ова ли е односот којшто го ветуваше Георгиески за граѓаните?
Скоро половина година ќе помине, а крајот на февруари заврши повикот за субвенционирањето на трошоците за комунални услуги кој требаше да се однесува за периодот од 1 јануари заклучно со 31 декември 2019 година.
Со СДСМ и Георгиески нема напред, нема никакво покривање на трошоците за потрошена вода за пиење, за спроведување на отпад, за одведување на отпадни и атмосферски води како и за плаќање на гробна такса.
СДСМ и Георгиески сè што ветија – излажаа и тие мора што побрзо да си заминат за доброто на Охрид.“ – истакна Божиновски.